Долго ги мислам иглите на Матка, со се "К" насоките. Односно, долго ги мислам не е правото објаснување, туку буквално секој пат кога одам на Матка и поминувам покрај нив, помислувам на тие прекрасни линии, невообичаени за останатиот дел од Матка. Последен пат бев пред повеќе од година дена, и се што памтам дека насоката е многу интересна и пристапот/одстапот е многу лош. Тогаш со Игор Талевски имавме идеја да се вратиме и да ја средиме патеката, или да направиме нова таква.
|
жлебовите, од нивната половина нагоре.. |
Така вчера, сабота 09 06 12 решив да и ги покажам на Елена Диновска овие насоки, почнувајќи од К1. За да ја одбегнеме жештината влеговме доста касно, и не фати ноќ од самиот почеток. Ретко ми се случува да бидам во заблуда за некоја насока и да ги заборавам главните атрибути што ја чинат убава/неубава/тешка/лесна.. Така сум заборавил дека пристапот е уште потежок од тој што го памтам. Насоката е веројатно најронлвата што некогаш сум ја качувал. Влегов со ранец на грб, и буквално се заглавив во жлебот на првата должина, морав да го вадам од грб и да го закачам на појас, и така ми висеше два метри под мене целата должина. СО РАНЕЦ ВЛЕГУВАЊЕ НЕ! Веројатно никогаш повторно нема да ја качувам таа насока ноќно, едноставно премалку обезбедување и многу ронливност не е опција за ноќно да ужувам во неа. НОЌНО НЕ!
Кажав доста застрашувачки работи за К1 но секој пат јас повторно ќе ја препорачам на оние кои сакаат Алпинизам и не секогаш средени насоки. Патеката може да се уреди, да биде појасна. Ронливоста може да се намали на минимум со почесто качување.
|
внатре во жлебот на К1 во првата должина |
|
Елена низ жлебот во првата должина |
|
се приближува кон првото сидриште
во насоките има стари клинови, дрвени и пластични, наследство оставено од Македонските пионери во алпинизмот. |
|
еден експонат од пластичен клин :) |
|
Елена во излезот на втората и последна должина. |
И се разбира дека секако би се вратил, секако би ја качувал пак и би ја препорачувал, само подвлекувам работи кои тоа искуство би го направиле поубаво за сите останати, па за мене едно потсетување за во иднина, да не влагам бос у трње :).
No comments:
Post a Comment