Пелистер во Есен, перфектно сончево време зачинето со малку ветар (доста постудено и силен ветар на самиот врв) , качен и спуштен по веројатно неговата најубава патека - "Kамената патека" по пат заедно со врвот Стив и Илинден пред него, верувам повеќе зборови не се потребни за да се опише ова искуство за оние кои ја познаваат планината во есен.
И ако се додаде дека фативме малку качување по пат на Камената Баба - Прилеп, што може човек да посака.. :).
повелете по некоја слика....
успат, загревање на Камена Баба |
'Rocky Trail' по друга варијанта - сртот над Црвената стена |
секогаш чест да се поздрави споменикот на Мурато на врвот Пелистер |
прекрасни гледки долж целата патека |
влезот во шумата со молика е тотално бајковито |
иако изморени и желни да се вратиме во домот Копанки, раздолжувавме со одењето од таму, во секој момент изнудувавме минута повеќе да останеме таму и да земеме уште малку од планината.. |
No comments:
Post a Comment