Monday, January 23, 2012

фрирајд на шапка

          Крајот на 2011 година ми заврши неславно со качувањето на карпа, речиси цел декември и ноември поради работни обрвски немав време и прилика да отидам на качување. Така почна и со јануари 2012. Еве сеуште не сум го скршил постот, но за среќа почна и скијачката сезона.             
          Речиси со истата 'банда' со која ги поминувам деновите на качување, имаме навика и да скијаме заедно на Попова Шапка. Маја, Елена, Мартин и јас... четворица на snowboard и Мето кој е на скии. Тоа што најмногу не интересира кога сме таму е врвот Церипашина, и сите фрирајд стази под него и на страните на падините на тој врв. Само во најлошите услови сме принудени да скијаме на спремените истабани стази, Јелак, ГЕ, и варијанта од ГЕ кон Јелак, и тоа најчесто е така поради тоа што не работи жичарата за нагоре до Церипашина.    
          Како што во светот на качувањето карпи  сме импресионирани и гравитираме кон она што се вика Алпинизам и качување долги насоки, во зимската сезона сакаме да скијаме freeride-фрирајд-или слободно пуштање/скијање онаму, каде нема спремени стази, снегот е длабок, некогаш не сме сосема сигурни на што ќе наидеме но со огромна желба и возбуда поради чуството дека истражуваме нови парчиња снег, често постои лавинска опасност, а пак чуството е неприкосновено најубаво.
          Некогаш пешачиме доста, возиме врз боровинки, и по некој камен, ризикуваме да ја оштетиме опремата само за да  дојдеме до некое добро парче фрирајд, кое ќе не држи насмеани за целиот ден. Шар Планина како што често си знае, и оваа зима ја почна доста бесно, со силни ветришта и ниски температури, кои беа без мислост кон снегот кој на повеќе наврати паѓаше во големи количини, носејќи го во големи навеви но и оставајќи ја планината на места гола без воопшто снег. Такви се и повеќето стази на Попова Шапка, но за среќа Церипашина е полна со снег, стазата е истабана како што не била во последните години, а фри фајд има колку сакаш. И додека сите се занимаваа со жалење дека неме снег на Шапка, некои од нас веќе изработија завидна бројка на саати на снег, речиси сите наши познати тури под врвот ги искијавме. Пред еден викенд, лошото време не принуди да скијаме само до половина на жичарата, и да се задоволиме со неколку многу забавни спуштања во длабок снег и помеѓу елки, случајно таму беше и нашиот пријател Бојан Петковски кој го искористи тоа да ни направи неколку преубави фотографии од тоа пуштање. Деновиве ќе паѓа снег, ветар ќе дува прилично питомо, и се наведува на тоа дека ќе има одлични денови за скијање после петок. До тогаш, сите сме со прекрстени прсти да падне  повеќе снег, и да има питом ветар, кој ќе ни овозможи нови спуштања под убавицата... :)


еве неколку фотки од тоа спуштање "кај елките":
фотограф: Бојан Петковски

Методи Чилиманов

Елена Диновска


Маја Мухиќ

Александар Зарапчиев

Елена Диновска

Мартин the man Пановски

Мартин Пановски