Monday, February 29, 2016

Турно кон Црн камен и скијање во 'зона'


       


          Нема доволно снег. Знам дека зимава е кревка со снег. Падна на повеќе наврати многу, но глобалното затоплување си зема данок, страшни се овие февруарски температури. Ова е убав потсетник малку да размислуваме за сите наши постапки кои влијаат на животната средина.
          Уште кон крајот на 2015та со Елена направивме неколку интересни турно тури, во големи студови со јаки ветришта се искачивме барем15тина пати на планина. Многу малку пати беше перфектно скијањето, иако фативме и од 'пудрата' малку, но сепак некако веќе се чуствувам задоволен, исполнет и веќе размислувам повеќе на возење точак, најмногу на качување карпи. Така и беше викендов, си наумив пролетно качување на Матка. И Елена ми ги расипа плановите со желба за одење на Брезовица, да турираме нагоре, без очекувања за некое спектакуларно скијање, обична расхотка како што би кажал еден наш близок :).



          Минатата недела беа наши пријатели (клик за тој текст) и  во дури и полоши услови со јак ветар се вратија возбудени од добар провод, кулоари, турно, повторно пудра, додека сите ние бевме со кратки ракави на качуање нна Матка. Се согласив и отидовме со Елен на Брезовица каде првиот впечаток не пресече зашто наидовме на ливади и кал. Сепак решивме да се качиме со жичара и да видиме погоре што е како е и како што кревавме се отвараа гледки кои ни го возбудија стомакот. Веднаш одбравме каде ќе одиме - платото под Црн камен кое беше полно со снег. Ни се придружи и пријател од Призрен, Хамди Хисари (неговите услуги како водич на овој терен може да ги побарата тука) кој е одличен познавач на овие предели, безмалку најдобар познавач на најдобрите места за добро и безбедно скијање и секогаш спремен да го сподели своето знаење за планината. Тргнавме по гребенот кон Црн камен и за кратко бевме на врвот. Во тој момент времето малку затвори и решивме да не ризикуваме по то стрмен терен во облак, и продолживме со расхотката кон следниот врв, Езерски, Језерски Врх или Језерска чука, и да видиме сосема нов терен каде што досега не сме биле, локалците го нарекуваат овој терен 'Зона'.

          Следеше линија по самиот гребен во преубав Алпски стил, сосема безбедно и лесно за движење. Одбавме убав широк кулоар некаде близу седлото под Езерски врв, по што скијавме многу ниско до шумата и потокот по кој се вративме се до патот и подоцна ски центарот. Како за турно без големи очекуавња за скиајањето, ова испадна безмалку една од најубавите прошетки на овој дел од планината кои сме ги имале. Сосема во ред скијање, некои нови 10 санитими снег врз стар тврд но не замрзнат снег ни направија да направиме вртења кои носат радост.
         Планината секогаш изненадува, најчесто на добро.., ако сме добри со неа :)

Само неколук секции со карпи и малук замрзнат снег.
Во еден момент моравме да пешачиме само, поради тоа што беше стрмно надолу со не многу снег, на скијачите име полесно да се спуштат со кожите прикачени на ските, на сплитборд тоа е невозможно да се контролира.
Повторно кожите
Не очекувавме ваква гледка со толку многу снег на северната страна


Елена среќна што конечно се искачивме на 'тој оштриот врв' како што го нарекувавме
Откако го искачувме мало заобиколување
Со Црн Камен во позадина
Ваква гледка не следеше речиси на целиот Гребен, ми се чини многу можности за качување од Косовската Страна под овој гребен.
Платото кое првично планиравме да го скијаме, но гледката по гребенот на Шара не излажа да продолжиме со пешачење
На Црни Камен
Кон следното 'Врвче' после Црни камен.




Едно од спуштањата, сосема во ред снег
После скијањето следеше пешачење од околу 30 мин до патот, од каде со кола не вратија до ски центарот.


2 comments:

  1. Супер :-) Да се научиш да се спускаш с разделен сплитборд надолу ти посакувам, па после ке ти дойде акъл в главата, ке го фърлиш и ке земеш ски :-) Поздрав :-)

    ReplyDelete