Wednesday, May 11, 2016

Традиционален алпинистички собир на Матка "Македонски алпинистички великани"

          

          Последниве две децении во вториот викенд на мај се одржува традиционалниот алпинистички собир на Матка "Македонски алпинистички великани". Ревијален настан со цел да се дружат алпинисти од републиката и соседството, качување по слободен избор како и претставување на споротот за сите кои се заинтересирани со можност секој кој ќе посака да проба да качува на карпа во присуство на алпинист инструктор, притоа и да дознае повеќе за клубовите во кои може да продолжи со обука. 
          Бидејќи сериозно го сфатив моментот дека собирот е за дружење, повеќе се дружев него што качував. Така да во главно лежев на пољаната кај манастирот Шишевси, но си одбрав и по една убава насока за двата дена. Во сабота ја качив насоката Тани, една од  новите насоки на Матка. Moj опис на насоката можете да прочитате тука.
          А во неделата пак направив повторување на една насока која е тотално неоправдано запоставена и многу ретко качувана, насоката се вика ПИ. Прв пат ја качив пред 5 години со Игор Талевски, тој пак ја качуваше втор пат, прв пат му било пред некои 10/15 години. Така да и двајцата имавме убаво искуство како да сме прв пат во насоката. Сега ми се повтори слична ситуација поради тоа што не памтев многу од она што ме чекаше. Овој пат качував со Елена Диновска и Маја Мухич. За насоката имам напишано повеќе тука. А сега на кратко би кажал дека е потешка него што мислев, со многу малку обезбедување, и забот на времето ја направил опасна од аспект на ронливост и лизгав мов, барем во првата половина на првата должина. после тоа следи убав и компактен дел. Сет чокови + сет френдови, 8 гуртни и карабинери беа истрошени речиси целосно.

          И повторно за собирот, времето не почести со сонце и ветре, совршено за качување. Имаше 50тина посетители. Пријатели од цела Македонија, но и пријатели од Косово, кои за прв пат качуваа на Матка. И овој пат имаше доста млади аспиранти за алпинисти, дел од младото членство на АК Плоча од Радовиш кои заедно со други деца кои качуваа го разубавеа настанот.

По некоја фотка од качуавњето и она што го фативме на карпа.

Елена Диновска во првата должина на Тани.
Елена Диновска во првата должина на Тани.
Елена Диновска во првата должина на Тани.
Елена Диновска во првата должина на Тани.
Иван Јакимовски од АК Матка во втората должина на насоката Козина.
Иван Јакимовски од АК Матка во втората должина на насоката Козина.


Елена пред првото сидриште на ПИ.
Маја пред првото сидриште на ПИ.
Чит Чет на Пи.
Почетокот на втората должина има преубав превис за старт.
на Петто... :)


No comments:

Post a Comment