Sunday, June 10, 2012

Месечување #1

          Инспирирани од работните обврски преку ден, немањето време да се отиде на качување долги насоки, и жештината која си доаѓа во лето, со Игор Талевски активиравме стара идеја за помасовно ноќно качување на Матка. Првата идеја беше да се вика Бела ноќ, или поради тоа што се поклопуваше со полната месечина нешто како moonclimbing, но сакавме да одбереме некое наше име, без странски зборови, а и помалку оргинално да звучи. Се приклучи Методи Чилиманов кој го даде предлогот Месечување, и бидна така. Одзивот на качувачи како за прв не беше воопшто лош, 6 наврски, на што можат да подзавидат и добри сончеви денови во викенд на Матка,  но во име на добрата забава се надевам на уште повеќе наредениот пат.

Беа качени следниве насоки: Отмар - (Весна Талевска и Маја Муниќ), Матка Лева - (Тања Пенева и Методи Чилиманов), Циго - (Алек Старделов и Ана Велкова), Ветерански - (Виктор Трпевски и Виктор Хаџивасилев) пс, овие последниве двајца се загреваа преку Новогодишен со се цела кампинг и качувачка опрема на грб :), 4 Клина - две наврски (Елена Диновска и Александар Зарапчиев, и другата Игор Талевски, Александра Герасимова и Јордан Атанасовски)

Сликите неможат да ја доловат атмосферата на качување во темница, но сепак еве малку од нив..

приоѓањето преку езеро

стартот на 4 клина

Елена Диновска во прва должина, 4 клина, 

Некој инсект, втор клин, прва должина, насока 4 клина


цело време во насоката не следеше овој тип, подоцна дознавме дека се вика Игор Талевски, прва должина 4 Клина

Да, како што изгледа на сликава, насоката 4 клина е 'многу лесна', и речиси целата е како обични скали да качуваш :))

Пред втор сидриште, насока  4 клина

на 4-то сидриште Виктор и Виктор, излагајќи од насока Ветерански

ливадата на манастиорт св. Никола Шишевски

Превозот до дома :)
до следното месечување... :)

ноќно на "К"

          Долго ги мислам иглите на Матка, со  се "К" насоките. Односно, долго ги мислам не е правото објаснување, туку буквално секој пат кога одам  на Матка и поминувам покрај нив, помислувам на тие прекрасни линии, невообичаени за останатиот дел од Матка. Последен пат бев пред повеќе од година дена, и се што памтам дека насоката е многу интересна и пристапот/одстапот е многу лош. Тогаш со Игор Талевски имавме идеја да се вратиме и да ја средиме патеката, или да направиме нова таква.

жлебовите, од нивната половина нагоре..
           Така вчера, сабота 09 06 12 решив да и ги покажам на Елена Диновска овие насоки, почнувајќи од К1. За да ја одбегнеме жештината влеговме доста касно, и не фати ноќ од самиот почеток. Ретко ми се случува да бидам во заблуда за некоја насока и да ги заборавам главните атрибути што ја чинат убава/неубава/тешка/лесна.. Така сум заборавил дека пристапот е уште потежок од тој што го памтам. Насоката е веројатно најронлвата што некогаш сум ја качувал. Влегов со ранец на грб, и буквално се заглавив во жлебот на првата должина, морав да го вадам од грб и да го закачам на појас, и така ми висеше два метри под мене целата должина. СО РАНЕЦ ВЛЕГУВАЊЕ НЕ! Веројатно никогаш повторно нема да ја качувам таа насока ноќно, едноставно премалку обезбедување и многу ронливност не е опција за ноќно да ужувам во неа. НОЌНО НЕ!
Кажав доста застрашувачки работи за К1 но секој пат јас повторно ќе ја препорачам на оние кои сакаат Алпинизам и не секогаш средени насоки. Патеката може да се уреди, да биде појасна. Ронливоста може да се намали на минимум со почесто качување.


внатре во жлебот на К1 во првата должина

Елена низ жлебот во првата должина

се приближува кон првото сидриште


во насоките има стари клинови, дрвени и пластични, наследство оставено од Македонските пионери во алпинизмот.

еден експонат од пластичен клин :)


Елена во излезот на втората и последна должина.

          И се разбира дека секако би се вратил, секако би ја качувал пак и би ја препорачувал, само подвлекувам работи кои тоа искуство би го направиле поубаво за сите останати, па за мене едно потсетување за во иднина, да не влагам бос у трње :).

Monday, June 4, 2012

Матка во јуни


           Во јуни на Матка е многу многу топло, насоките се одбираат внимателно, секој се труди да му избега на сонцето, или доаѓа многу рано да фати некое подолго искачување. Искуствата се секогаш посебни во овој период, кое зашто си "прегорел" на карпа, кое поради тоа што си имал некое силно искачување. Полупразно е, обично сите бегаат во сенка овој период. Има многу змии. Се дехидрира во насока, се оди многу рано, се качува што може и после се мекнее под сенка кај манастирот Шишевски. Качуваме ноќно да се спасиме од топлината. Тоа што е интересно е што кога времето е идеално за качување, се собира целата качувачка заедница, кој на кратки, кој на долги, но кога стегаат условите, дали ладно или во случајов топло, кругот се стеснува и остануваат вистинските "Маткаџии" и тогаш ги имаме оние наши интимни искачувања и уживања во карпата.  И покрај овие страшни атрибути за Матка во Јуни, за мене таму  повторно е преубаво :). 

на трето сидриште на Отмар - лева Варијанта цело време ме гледаше у очи

"обезбедувачите" Екалабија, Мето и Елена


Екалабија во втора должина, Матка Лева

Екалабија, Матка лева

Ангел Куртелов, трета должина на Матка лева

Маја Мухич, трета должина на Козина

си ја накривил галвата и се сунча, уживанција :)

Игор Талевски и Методи Чилиманов, четврто сидриште на Ветерански. Мето објаснува како поминал на неговото прво искачување во чист стил на Матка.

се договоривме дека ова е сликата што ќе биде епик за десетина години :)

Ангел Куртелов во прва должина од Франгов.

вака си поминуваме "таму горе"



мекнеење у сенка, манастир св. Никола Шишевски