Sunday, May 6, 2012

Првомајско качување карпа


Продолжен викенд со качување на Демир Капија, Камена Баба – Прилеп, и за на крај Матка.
Одличенo постзимско размрдување..
На Демир Капија наидовме на многу жешко време, качивме само една долга насока, Тулумбаи се потскривме во сенка и качивме неколку кратки насоки.


Првата должина од Тулумба, Демир Капија


сидриште на Тулумба, Демир Капија, имавме друштво од млади гаврани или слични птици :)




Елена во втората должина на Тулумба, Демир Капија




насока Етланжер, Демир Капија








На Камена Баба беше исто толку жешко, но со повеќе ентузијазам успеавме да качиме повеќе насоки, повторно ја качивме Sunny Crack, и уште неколку насоки за речиси да ја заокружиме Бабата со сите искачени насоки на неа, други качени насоки беа: “Сонце и Месечина”, “Деа”,(таа веднаш до Прецедателона која не го знам името) Вертикалада”, обид на Василицакаде што имавме средба на второ сидрижте со едно диво животно и решивме да се вратиме, но за тоа поопширно друг пат J, сите насоки таму беа качени во чист стил, буквално може за нив да се каже, кратки но слатки, Камена Баба ни станува полека омилено вежбалиште.

пред второто сидриште на Василица, Камена Баба, пред средбата со "дивото животно" :)

почетокот на Вертикалада, Камена Баба, прекрасна насока!

Вертикалада, Камена Баба, внатре во еден од оџаците

Sunny Crack, Камена Баба, една од најубавите линии таму

Сонце и Месечина, Камена Баба, со два превиса, слатко задоволство.



Елена Диновска на насоката Плочка, Матка, 

Ангел Куртелов, плочка лева десна варијанта, Матка

Методи Чилиманов, Плочка-десна варијанта, Матка


На Матка качуваме на Плочка и ден потоа имав успешен прв обид со Маја Мухиќ за слободно качување на насоката Пајак, фантастично искуство!


Пајак, Матка, прва должина пред превисот



 Маја Мухиќ во пречката на Пајак, Матка


вечерите ги поминавме покрај оган, со печени компири, вино  и во случајов варени јајца :)

Сето ова се случи за продолжениот викенд се до 2 Мај. 1ви Мај, денот на трудот, кој нас веќе подолго време се прославува со скара, пиење и неправање ништо, наместо да се излезе на улица и да се протестира за правата на работниците.. или барем во најмала рака да се сработи нешто корисно... овој пат, празникот ни покажа и докажа дека сеуште има надеж за работниците, без разлика од која бранша се, така додека ние качувавме на Камена Баба, последниот ден, некои што поминувал покрај нашиот шатор, набрзина "си завршил работа"  и ни го собрал шаторот со се некои ситни работи во него. Искрено се надевам дека добро ќе го служи новиот шатор, и дека му е за покрив над глава кој веројатно го немал.
:)